Анџелина Џоли и Мадона биле во врска со оваа жена! Таа вели дека била како секс-робинка! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Анџелина Џоли никогаш не криела декa сака и жени, а во актерката Џени Шимизу (52) била лудо заљубена во 90-те години на минатиот век и почетокот на 2000-те години, а малку недостигало тие и да се свршат.

Холивудската актерка и оскаровка Анџелина Џоли позади себе има три пропаднати брака, а со Бред Пит има шест деца, од кои три посвоени, три биолошки.

Фото: Профимедиа

Сепак, во времето кога била со Милер, Анџелина ја запознала фаталната Џени на сетот за филмот „Foxfire“, а како што признала во една прилика, меѓу нив имало искри од моментот кога се запознале.

Фото: Профимедиа

Џоли изјавила дека во колешката се заљубила на прв поглед, а нивната врска ја одржувале со години, дури и кога Анџелина била во врска со други мажи.

– Веројатно ќе се оженев за неа ако не бев во брак – открила дека Анџелина во едно интервју и истакнала дека и таа се изненадила од сопствените чувства за Џени, која од почетокот се декларилала исклучиво како лезбејка.

Фото: Профимедиа

Џени наводно била фатална и за уште една позната дама и тоа поп-кралицата Мадона. Тоа го открила лично таа кога изјавила дека на Мадона и била „таен повик за секс“. За разлика од Анџелина, Мадона никогаш јавно не зборувала за нивниот однос, а неколку пати биле фотографирани заедно.

– Ми плаќаше летови безразлика на кој крајот од светот бев, само за да спиеме зеадно. Бев нејзиниот секс-роб – изјавила Шимизу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот