Анџелина Џоли и Ел Фанинг како ВИСТИНСКИ ПРИНЦЕЗИ во фустани од бајките (ФОТО)
Бидејќи долго време немавме прилика да ја видиме на црвениот тепих, по се изгледа дека Анџелина Џоли сега надополни се.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Актерката моментално по Европа го промовира својот нов филм „Maleficent 2“, а за таа цел модно се усклади со колешката од филмот Ел Фанинг, па така и двете изгледаа како принцези од бајките.
Актерките носеа раскошни бали фустани во склад со ликовите од филмот. Анџелина одбра бел фустан од тул од модната куќа „Ralph & Russo“ со нагласени рамена и вел украсен со сребрени и златни точки.

Ел исто така избра фустан од тул во нежно зелена нијанса кој во горниот дел беше проѕирен, а во долните слоеви имаше раскошно навиткан материјал по должина на раквите.
И двете носеа и раскошни висечки обетки кои беа во склад со нивните фустани, а косите им беа подигнати во пунџа, исто како принцезите од бајките.


