АМСМ: Кон Блаце поради одронот вечерва се вози наизменично во едната лента

Сообраќајот кон граничниот премин Блаце се одвива со наизменично пропуштање на возила, поради одронот кој се случи во близина на местото Вражји Вир, соопшти вечерва Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ)
– Поради одрон на патот на „Јадранска магистрала” поточно на местото наречено Вражји Вир, сообраќајот не е во прекин и се одвива со наизменично пропуштање на возилата, велат од АМСМ.
Претходно, денеска сообраќајот на патот беше целосно прекинат поради големиот одрон.
ВИДЕО | Драматична снимка од одронот кој го блокира патот Скопје-Блаце
Видео на денот