Ампева: Институциите да престанат да си ја префрлаат топката и да почнат да си ја вршат работата (ВИДЕО)

кристина ампева гласен текстилец
Кристина Ампева „Гласен текстилец“/ Фото: МИА

Бројката на заразени во текстилната индустрија од КОВИД-19 е иста. Како што кажа и градоначалникот ова можеби е трет бран во Штип. Одговорноста не е само кај работодавачите. Имате институции во државата кои што се платени од сите нас и кои треба да внимаваат доколку некој не се придржува до мерките и препораките, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Кристина Ампева од „Гласен текстилец“.

-Од друга страна ние имаме работодавачи кои се научија да не вложуваат во механизација и автоматизација на производството. Сега се жалат како нема нарачки и слично. Ние и претходно предупредувавме за можните проблеми кои би настанале од КОВИД-19, вели Ампева која вели дека има и работодавачи кои немаат никаков проблем бидејќи со години платите биле шест, седум осум илјади денари.

-Не верувам дека досега не направиле залихи за да не можат да исплатат плати. Јас сметам дека немаат идеја и само се бараат финансии а никој не ги прашува работниците колку им е на нив тешко, вели Ампева.

Целиот разговор со Ампева во која таа говори за проблемите со кој што се соочуваат текстилните работници погледнете во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот