Американско вселенско летало и руски сателит се многу блиску во вселената, од НАСА уверуваат дека тие нема да се судрат

НАСА / фото Архива

Американското Министерство за одбрана го следи блиското поминување на вселенското летало на НАСА, ТИМЕД, со рускиот сателит Козмос 2221, објави НАСА.

Иако се очекува леталата да се разминат без проблем, судирот може да резултира со голема штета, соопшти американската вселенска агенција, додавајќи дека продолжува да ја следи ситуацијата во соработка со Министерството за одбрана.

Во соопштението за медиумите не се наведува колку леталата ќе се приближат едно до друго, но се проценува дека леталата, кои не можат да маневрираат, треба да бидат најблиску едно до друго во 7:30 часот на 28 февруари на надморска височина од околу 600 километри.

Мисијата ТИМЕД го проучува влијанието на Сонцето и луѓето врз мезосферата на Земјата, долната термосфера и јоносферата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот