АМЕРИКАНСКИТЕ ДИПЛОМАТИ имаат чудни промени на мозокот, а лекарите не знаат што е тоа! (ВИДЕО)

Иако причината за „звучните напади” на вработените во американската амбасада во Куба и понатаму е мистерија, според најновата студија, споменатите напади оставиле и некои трајни последици во мозочната структура на жртвите, пренесе Си-ен-ен.

Кон крајот на 2016 година американските дипломати во Куба почнале да доживуваат здравствени проблеми по слушањето на чудни звуци. Проблемот продолжил и во текот на изминатата година, а американските служби мистериозните феномени ги опишаа како „звучни напади“ и за нив го обвинија кубанскиот режим.

Првично, се сомневаа на микробранови или некакво вид звучно оружје, но една студија на научници од универзитетот Калифорнија на почетокот на оваа година придонесе и трета можна причина за мистериозните заболувања – гласењето на индискиот краткопашест штурец.

„Ова обезбедува силни докази дека гласањето на штурецот, а не некаков звучен напад или друг технолошки уред е одговорен за звукот што е снимен“, заклучија научниците.

Сепак, тие не ја отфрлија можноста дека се работи за намерен напад, и додадоа дека се потребни повеќе истражувања за да се утврди изворот на проблемите што ги претрпеле американските дипломати.

Американскиот дипломатски персонал по „звучните напади“ во Куба доживувале симптоми кои вклучувале болка во ушите, губење на слух, вртоглавица и губење на сеќавање и повреди на мозокот.

Поради овие инциденти, американската влада го повлече речиси цел дипломатски персонал од Куба и издала нови упатства за американските граѓани кои патуваат на Куба, предупредувајќи ги „да бидат внимателни во Куба поради нападот на вработените во американската амбасада во Хавана“.

Новата студија вклучувала наоди од магнетна резонанца (МРИ) на мозокот од 40 пациенти: 23 мажи и 17 жени, снимени во периодот од август 2017 до јуни 2018 година. Научниците забележале варијации во структурата на мозокот и функционалната поврзаност, споредено со МРИ преглед на 48 други возрасни лица кои не престојувале во Куба.

„Забележавме групни разлики во целиот мозок“, рече Рагини Верма, неврохирург од универзитетот Пенсилванија.

„Особено видливи беа во пределот на малиот мозок, кој е поврзан со клиничките симптоми кои повеќето пациенти ги имаа, како проблем со рамнотежата, видот, вртоглавица и слично“, објасни таа и додаде дека клиничката значајност на овие наоди во добар дел е нејасен бидејќи истражувачите немале претходни МРИ прегледи на пациентите за да споредат како изгледала нивната мозочна структура пред мистериозните случувања во Куба.

Неврологот Џамшд Гаџар, директор на институтот Стенфорд за мозочни удари и перформанси на мозокот, смета дека е „голема работа“, што научниците биле во можност да ги воочат разликите меѓу мозоците на здравите контролни пациенти и оние кои биле вклучени во инцидентот во Куба.

Според претходните истражувања, звукот што го слушале вработените во амбасадата во Куба сам по себе не би можел директно да ги предизвика наведените симптоми или било какви трајни оштетувања на централниот нервен систем.

„Не мислиме дека она што го слушнале било причината за проблемот“, рече докторот Даглас Смит од универзитетот Пенсилванија.

„Всушност мислиме дека звукот е последица од изложеноста на некој друг елемент“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот