Американските десничари вооружени до заби парадираа низ Конгресот во Кентаки

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Вооружени активисти за право на поседување оружје одржаа демонстрации минатиот петок во американската сојузна држава Кентаки, пренесува „Индекс“.

Демонстрантите со полуавтоматски пушки, војничка облека и опрема која е поприкладна за војна отколку за протест не се така невообичаена појава во САД, барем во сојузните држави каде имаат право на отворено носење на огнено оружје во јавност (т.н. open carry).

Но глетката на демонстранти кои се вооружени како пред некој момент да се вратиле од Авганистан или Ирак како парадираат во зградата на државниот Конгрес, е необична дури и за САД.

Како што пишуваат локалните медиуми, бизарен е фактот што посетителите во зградата на Конгресот не смееле да внесуваат чадори или стапови кои може да се искористат како ладно оружје, но пушките можеле да ги внесат без проблем.

Како пто објаси новинарот на „Lousville Courier-Journal“ Џо Герт, полицајците ги упатувале демонстрантите да ги заобиколат детекторите за метал на влезот за да не ги активираат со своите пушки.

Еден од демонстрантите, како што јавува „Journal“ бил воодушевен што добиле слободен пристап во зградата на Конресот, без било какви органичувања.

– Влезот во зградата на Конгресот ме шокираше. Можев да влезам потполно вооружен, со пушка..Ни веруваат. Јас не сум жител на Кентаки. Јас сум од Вирџинија. Странец. И влегов, а чуварите ми рекоа: „добро, влезете, уживајте во конгресот“ – рече демонстрантот за новинарите.

Протестот го огранизираше организацијата „We Are KY Gun Owners“, а причината за истиот се мерките за регулација за продажба на оружје во соседната сојуцна држава Вирџинија која ги воведе гувернерот од редовите на демократите Ралф Нортхам.

За потсетување, во Ричмонд, Вирџинија пред извесен период е одржан далеку помасовен протест на кој бројни активисти бараа апсолутно право за поседување на оружје, луѓе кои се декларираат како бранители на вториот амандман на американскиот Устав.

Цивили вооружени како војници парадираа низ Ричмонд: „Ова се одговорни, чистокрвни Американци“(ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот