Американски експерти велат дека слабиот напредок на руската војска може да доведе до растечка фрустрација кај најсилните поддржувачи

русија тенкови EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Неуспехот на Русија да постигне напредок во наведените временски рокови веројатно ќе доведе до растечка фрустрација кај најсилните поддржувачи на војната, пишува Институтот за проучување на војната.

ИСВ вели дека кампањата за освојвуање на Бахмут ги принудила воените блогери да се префрлат на поконзервативни очекувања за напредокот на руските трупи врз основа на „девет месеци многу исцрпувачки, бавен руски напредок во Бахмут“. И покрај овие намалени очекувања, ИСВ вели дека трошоците за заземање на Бахмут и запирање на напредокот на друго место „сугерираат дека руската кампања за заземање на целата област Доњецк може да трае една година“.

„Руските сили во моментов немаат човечка сила и опрема неопходни за одржување на офанзивни операции од големи размери за обновена офанзива кон Краматорск и Славјанск, а камоли повеќегодишна кампања за заземање на целиот регион Доњецк. Значајни руски офанзиви околу Вуледар или на друго место во Западниот регион Доњецк е исто така многу сомнителен“, забележува Институтот.

„Русија ќе треба да мобилизира значително повеќе персонал и темелно да ја трансформира својата воена индустрија за да може да ги поддржи таквите операции. Постојаниот неуспех на руската војска да постигне одлучувачка победа во регионот Доњецк веројатно ќе предизвика зголемен гнев кај руските ултранационалисти“, заклучуваат тие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот