Американците уништиле дронови и проектили на Хутите во Јемен

Јемен Хути / Фото EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Американската армија вчера изврши напади врз беспилотни летала, проектили и контејнери за складирање оружје во областите на Јемен под контрола на Хутите.

Американската централна команда (ЦЕНТКОМ) соопшти дека „успешно ангажирала и уништила седум противбродски проектили, три беспилотни летала и три контејнери за складирање оружје во областите во Јемен контролирани од Хутите во самоодбрана.

– Утврдено е дека ова оружје претставува непосредна закана за трговските бродови и бродовите на американската морнарица во регионот, се наведува во соопштението на ЦЕНТКОМ.

Хутите од почетокот на војната во Појасот Газа ги напаѓаат израелските, американските и бродовите на други држави во Црвено Море, со цел да се стави крај на израелските напади врз енклавата.

Поради континуираните напади на Хутите, големите бродски компании сè повеќе ја избегнуваат најкратката поморска рута меѓу Азија и Европа. Неколку западни земји, вклучително и САД и Велика Британија, почнаа операции за заштита на бродовите во регионот како одговор на нападите на Хутите. Европска Унија, исто така, почна воена операција за обезбедување на трговските бродови во Црвено Море.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот