Америка нема одговор за руските ракети

Американскиот амбасадор во НАТО Кеј Бејли Хатчинсон во Брисел потенцираше дека неговата земја засега нема заштита од руските ракети што го прекршуваат Договорот за уништување ракети со среден и краток дострел.

Оваа изјава е дадена во пресрет на средбата на министри за одбрана од земјите-членки на НАТО на 26-27 јуни.

Во САД анализираат за можен одговор на прекинот на дејството на Договорот во сферата на конвенционалните оружје, потенцираше Хатчинсон.

– Русија се уште има пет недели, за да се врати на почитување на договорот, но, ако не го стори тоа, разгледуваме неколку опции како да реагираме и дискутираме за тоа прашање со нашите европски партнери во НАТО, нагласи дипломатот.

САД соопштија дека излегуваат од Договорот на 2 февруари оваа година. Потоа почна да тече шестмесечниот преоден период, во рамките на кој договорот може да биде спасен.

Претседателот на Русија, Владимир Путин на 4 март потпиша указ за прекин на учество на Русија во договорот од 1 март заради ставот на САД за тоа прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот