Амбасадата на САД во БиХ: Обвинителниот акт против Додик е важен чекор во спроведување на правото

Милорад Додик
Милорад Додик / EPA-EFE/SZILARD KOSZTICSAK

Амбасадата на САД во Босна и Херцеговина попладнево се огласи откако Обвинителството на Босна и Херцеговина поднесе обвинение против Милорад Додик, претседателот на Република Српска, и против Милош Лукиќ, в.д. директор на Службен весник на Република Српска, а поради Указот за неспроведување на одлуките на високиот претставник.

Амбасадата оценува дека ова е важен чекор во спроведувањето на владеењето на правото.

„Обвиненијата на Обвинителството на Босна и Херцеговина против Додик и Лукиќ се важен чекор во спроведувањето на владеењето на правото, што е темел на секоја демократија. Законите на Босна и Херцеговина важат за сите граѓани. Ниту еден поединец не е над законот. Очекуваме институциите на Босна и Херцеговина и сите граѓани да ги почитуваат релевантните процеси вклучени во почитувањето на тие закони“, соопштија од Амбасадата на САД во Босна и Херцеговина.

Од Кабинетот на Додик порачаа дека ова е директен обид на Обвинителството на БиХ и политичкото Сараево, со сесрдна поддршка и помош, односно креација на американската амбасада во Сараево и директно од амбасадорот Мајкл Марфи, како и Велика Британија и ЕУ, да ги поништи институциите на Република Српска избрани по волјата на народот на демократски избори.

„Обвинението против претседателот на Република Српска поради потпишување на Указот за прогласување на Законот донесен во Народното собрание на Република Српска, а што е негова уставна обврска, има за цел да го поништи не само претседателот на Република Српска, туку и Народното собрание на Република Српска како највисок законодавен орган во Република Српска, како и да го поништи Уставот на самата Република Српска, според кој претседателот на Република Српска експлицитно постапил исполнувајќи ја својата уставна обврска да го прогласи Законот донесен од Националното собрание на Република Српска како највисоко претставничко тело на Република Српска избрано од народот на Српска“, истакнаа од кабинетот на претседателот.

Беше нагласено дека обвинението против претседателот на Република Српска има за цел да го поништи српскиот народ во Република Српска кој ги избра своите претставници во Народното собрание и претседателот на Република Српска и ги обврза да постапуваат според Уставот на Република Српска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот