Обвинителството на БиХ поднесе обвинителен акт против Додик

Милорад Додик
Милорад Додик / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Обвинителството на Босна и Херцеговина поднесе обвинителен акт против претседателот на ентитетот на Република Српска, Милорад Додик и директорот на Службен весник на Република Српска, Милош Лукиќ, кои се товарат за кривично дело неисполнување на одлуките на високиот претставник на Босна и Херцеговина.

Ова го потврдиле од Обвинителството на БиХ по барањето коментар од страна на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Од Судот на Босна и Херцеговина за РСЕ изјавиле дека во петокот на 11 август добиле барање за потврда на обвинението против Додик и Лукиќ од Обвинителството на БиХ.

Додаваат и дека законскиот рок за одлучување по обвинителниот акт е до 15 дена од денот на приемот на обвинителниот акт.

Обвинителството на Босна и Херцеговина на 9 јули формираше тим од тројца обвинители по објавувањето на указот на претседателот на Босна и Херцеговина Додик во Службен весник на Република Српска во врска со непочитување на одлуките на високиот претставник.

Во указот, кој беше објавен истиот ден, се наведува дека одлуките на Канцеларијата на високиот претставник во БиХ повеќе не се објавуваат, а со тоа и не се почитуваат во ентитетот БиХ, како и дека одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина повеќе нема да се применуваат на територијата на тој ентитет на Босна и Херцеговина.

Високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, со своите одлуки од први јули целосно ја суспендираше целата законодавна процедура во однос на антидејтонските потези на Народното собрание на РС и усвојувањето на двете споменати одлуки.

Со одлуката Шмит го криминализираше и непочитувањето на одлуките на високиот претставник, а казната може да биде и до пет години затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот