Алжирски олимпиец одби борба против Израелец: Не сакам да ги валкам рацете

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Џудистот од Алжир, Фети Нурин се откажа од настапот на Олимписките игри во Токио после одржаната жрепка поради можноста за борба против израелскиот претставник Тохар Бутбул.

Нурин го доби Суданецот Мохамед Абдалрасоол за свој противник во првото коло во категоријата до 73 килограми, а победникот од тој натпревар би се борел со Бутбул во четвртфиналето, кој е слободен во првото коло.

– Вложивме многу напор да дојдеме на Игрите, а потоа бевме шокирани од оваа вест. Но, мојата одлука е конечна затоа што не сакам да ги валкам рацете – рече Нурин и додаде дека неговата политичка поддршка за Палестинците не му дозволува да се бори против Израелецот.

Нурин се повлече од настап од истата причина за време на Светското првенство во 2019 година во Токио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот