Алушовски: Сè она што погрешивме во нападот, Киелце знаеше да го казни!

фото: Слободен Печат/Драган Митревски

Во својот четврти натпревар сезонава Вардар 1961 во Лигата на шампионите загуби вечерва на домашен терен со 29:33 од полскиот Киелце.

„Црвено-црните“ имаа одличен почеток, но на на крајот го претрпеа вториот пораз во групата „А“.

– Честитки на Киелце за победата, на играта, покажа една врвна ракометна партија. Сè она што погрешивме во нападот, противникот знаеше да го казни, во првото полувреме имавме проблем со играта во нападот, Киелце знаеше да казни, имавме негатива од „минус три“ на паузата. Во вториот дел успеавме да се вратиме, поведовме со еден разлика, имаше момент кога имавме ситуација „шест на четири“, но не ја искористивме.

Тоа врвна екипа како Киелце знае да го казни и на крајот беше подобар тим, и во реализацијата и во нападот. Немавме решение за синот на тренерот Талант, Алекс Душебаев кој денеска покажа фантастична партија. Им честитам на моите момци за залагањето, на она што секој ден го прават како на тренинг, така и на овој натпревар. Мора да гледаме напред, да се трудиме на реваншот да бидеме подобри. Му посакувам среќа на противничкиот тим и многу успех во наредните натпревари – изјави по мечот тренерот на Вардар 1961, Стевче Алушовски.

Моментно на табелата води Киелце со 11 бодови од седум мечеви, додека Вардар 1961 е на шестото место со три бода од четири натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот