Алушовски потврди: Борко ќе биде новиот голман на Вардар!

epa-efe
epa/Ali Haider

Освен репрезентативниот чувар на мрежата, во тимот ќе биде и младиот лев бек Мишевски кој настапуваше за Гренобл..

После натпреварот против Монпелје, тренерот на македонскиот и европски шампион Вардар, Стефче Алушовски потврди две нови имиња во тимот.

Станува збор за репрезентативниот голман Борко Ристовски и младиот лев бек Марко Мишевски.

Ристовски (37) своевремено веќе ги бранеше боите на Вардар од 2001-2003 год., како и во периодот од 2010-2012 год.

Успеа со „црвено-црните“ двапати да биде шампион во македонската Суперлига, а двапати се закити и со трофејот во националниот куп.

Токму Вардар му беше последниот домашен клуб, после кој замина во странство настапувајќи за Гумерсбах, Ал Ахли, Кретеј, Рајн-Некар Левен, Барселона, а последната екипа му беше португалската Бенфика.

Исто така и Мишевски до лани беше во Вардар, а потоа се пресели во француската екипа на Гренобл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот