Алкалоид е последниот полуфиналист на Ф4 турнирот од Купот

Ракометарот на Алкалоид, Марко Митев на мечот против РК Бутел Скопје/фото: РК Алкалоид

Ракометниот клуб Алкалоид денеска успеа да обезбеди пласман на Фајнал фор турнирот од Купот на Македонија.

Играчите предводени од тренерот Кирил Лазаров во рамките од групата „2“ славеа над РК Бутел Скопје со резултат 23:20.

По првото полувреме водеа ракометарите на Бутел Скопје со два голови разлика (11:9).

Во салата „Автокоманда“ во победничките редови доминираше Серафимов со девет голови, три имаа Младеновиќ и Митев, а се истакна и голманот Трајкоски со 13 одбрани.

На спротивната страна Ѓоргиевски реализираше шест, додека Субашевски пет погодоци.

Завршницата од Купот на Македонија ќе се игра во месец мај. Покрај РК Алкалоид, на Ф4-турнирот ќе играат и РК Еурофарм Пелистер, РК Вардар 1961 и ГРК Тиквеш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот