Алиоски останува без тренер, Биелса се сели во Серија А?

фото: твитер

Актуелниот тренер на Лидс за кого игра и македонскиот репрезентативец, сака да продолжи да работи во Италија.

Марсело Биелса веќе имаше една непријатна авантура во италијанскиот фудбал, на 6. јули 2016 година беше именуван за тренер на Лацио, но по само 48 часа го напушти тимот.

Во последните две години Биелса го предводи Лидс во Чемпионшип и сезонава има одлична шанса да го однесе тимот во Премиер лигата.

Но, популарниот „Ел Локо“ има резервен план доколку Лидс евентуално не успее да обезбеди пласман во Премиер лигата и планира да се обиде уште еднаш да работи во Серија А.

Тој е заинтересиран за клупата на Фиорентина, но „ЛАрена“ објави дека Верона планира да започне преговори со Биелса да седне на клупата од наредната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот