Алиоски и Лидс доброволно побараа намалување на платите

twitter:Leeds United

Фудбалерите на Лидс и членовите на стручниот штаб доброволно решија да имаат помала заработка во наредниот период, со цел клубот да функционира непречено…

Многу спортски натпреварувања се одложени, прекинати поради епидемијата на коронавирусот, така и англискиот фудбалски Чемпионшип.

Во овој период коронавирусот сигурно негативно влијае и на финансиски план во многу спортски клубови, се наоѓаат во загуба.

Играчите на многу тимови, како и членовите на стручниот штаб се согласуваат за кратења на платите, а сега тоа го стори и Лидс.

Менаџерот Марсело Биелса и неговите играчи ќе заработат помалку, така што клубот непречено да им исплати на 270 вработени во клубот.

– Моите играчи покажаа неверојатно чувство за единство и заедништво. Благодарност до Марсело, неговите соработници и играчите што го поставија целиот тим на прво место и затоа што се грижат за семејството – рече фудбалскиот директор, Виктор Орта.

Лидс во чии редови е и македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски до прекинот на сезоната се наоѓаше на првата позиција со 71 бод, еден повеќе од второпласираниот ВБА и се на добар пат да обезбедат учество во Премиер лигата наредната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот