Алијансата за Албанците во преговори со Беса и Алтернатива за предизборно коалиционирање

Алијанса за Албанците / фото: АА

Алијансата за Албаниците има разговори за предизборно коалиционирање со Движењето Беса и Алтернатива. Ова го изјави потпаролот на партијата, Флакрон Беџети на денешната прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање.

Беџети вели дека тие се убедени дека ќе победат на овие избори, но сакаат резултатот да биде поубедлив.

– Ние како Алијанса за Албанците сме заинтересирани за предизборна коалиција со Беса и Алтернатива. Ние сме подготвени со нашите капацитети како Алијанса за Албанците, но сме отворени за соработка со Беса и Алтернатива. Разговараме со двете партии и се надеваме дека заедно ќе постигнеме пред изборен договор, кој дефинитивно ќе го победи ДУИ и ќе ја има легитимноста на албанските гласачи –  изјави Беџети.

Пред изборите Беџети рече дека нема разговори за коалиционирање со некоја од партиите од македонскиот политички блок.

– Сега за сега нема такви разговори. Тоа ќе зависи после изборите, за ова ќе одлучат граѓаните кој со кого ќе коалиционира – истакна потпаролот на Алијансата за Албанците, Флакрон Беџети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот