Алијансата на Албанците со условена поддршка за предлог-законот за ЈО

Алијансата на Албанците која има три пратеници во Собранието ќе гласа за предлог-законот за јавно обвинителство, но само ако се прифатат нејзините амандмани.

– Ние сме исправени пред тоа да не гласаме за предложенито решение и да немаме никаков закон во услови кога поминуваат роковите од стариот закон или да гласаме за решение кое ги амнестира криминалците затоа што прислушуваните разговори понатаму нема да се змаат како докази. Ќе интервенираме со амандмани најмалку во три делови на предлог-законот и од тоа дали ќе бидат прифатени или не ќе зависи и како ќе гласаме – вели Зијадин Села.

Тој објаснува дека за да се исклучи полтичкото влијание при изборот на обвинителите мора да се стави одредба дека членови на ова дело не смее да бидат партиски членови туку и лица кои во изминатите 10 години биле на некаква функција.

-Заменик-министерот за внатрешни работи можеби не е член на ДУИ, односно нема партиска книшка, но тој е заменик-министер од оваа партија и член за Советот. Вакви ситуации не треба да постојат – вели Села.

Ќе бараат и прислушуваните разговори да се сметаат за доказ, како и главниот обвинител да биде човек делегиран од ЕУ и сите обвинители вмешани во криминал да заминат од обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот