Алијансата на Албанците ја повикува Антикорупциска да реагира на недоличното однесување на функционерите на ДУИ

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Не е првпат официјални лица на ДУИ, како што се тие на локално и централно ниво, да ја злоупотребат ситуацијата со пандемијата „Ковид 19″ за нивните партиски интереси, велат од Алијансата на Албанците.

-Министрите на ДУИ, како што беше случајот со министерот за економија Крешник Бектеши, промовираше економски мерки од седиштето на ДУИ, проекти кои се спроведуваат со парите на даночните обврзници. Исто постапи и заменик министерот за финансии, Ширет Елези. Оваа навредлива практика, со јавното здравје на граѓаните, ја практикуваат и раководителите на општините предводени од ДУИ, честопати избирајќи или седиште на ДУИ или нејзиното потекло, заборавајќи дека тие како градоначалници треба да бидат во интерес на сите граѓани а не само на нивните гласачи и милитантите на партијата- стои во соопштението.

Градоначалниците на Дебар Хекуран Дука, и тој на Чаир Висар Ганиу, велат оттаму, парадираа пред логото на ДУИ, со што се подразбира дека логото на партијата дури и во време на пандемија е поважно од здравјето и животот на нашите граѓани.

-Ја повикуваме Антикорупциската комисија да реагира што е можно поскоро на недоличното однесување на функционерите на ДУИ кои своите институционални позиции ги ставаат на служба на нивниот рејтинг и на располагање на политичка корист- е наведено во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот