Алесандра Амбросио импресионираше со стајлингот на семејната вечера во Малибу! (ФОТО)

инстаграм

Бразилската манекенка Алесандра Амбросио беше сликана во Малибу на вечера со децата и поранешниот партнер Џејми Мејзур.

профимедиа

Овој ангел на Викторија Сикрет важи за една од најубавите жени на светот, па не е ни чудо што постојано е на мета на папараците, а последните фотографии од неа предизвикаа огромно внимание.

профимедиа

Всушност, Алесандра на семејната вечера се појавила во сексапилен „нуд“ свилен фустан, а наместо маска во добата на пандемијата, таа носела свилен шал. Со тоа таа е дел од модните познавачи кои маските ги користат како најразлични аксесоари за да бидат шик и приметени. Александра носела кожна чанта преку рамената во кафена нијанса и сандали „гладијаторки“, а од студот се заштитила со бела плетена наметка. Исто така, таа носела и огромни наочари за сонце за да се заштити од папараците и покрај тоа што било вечер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот