Алегри има уште една понуда од Премиер лигата

twitter.com/RiZzyUTD

Доколку т.н. „карамели“ одлучат да се разделат со својот досегашен менаџер, Марко Силва, информациите велат дека веднаш ќе ги започнат преговорите со во контакт 52-годишниот Алегри.

Алегри се прослави како тренер на Милан и Јувентус, па во наредниот период ќе ја разгледа понудата на клубот од Ливерпул. Првите луѓе на Евертон имаат желба да го ангажираат италијанскиот стручњак Масимилијано Алегри.

Евертон нема добар старт во новата сезона, моментно после осум одиграни кола е дури на 18. место со седум бода и катастрофална ефикасност со просек помал од еден гол по натпревар.

Доколку викендов загубат и од Вест Хем, можно е да се случи промена на тренерската позиција и се тргне по Алегри.

Претходно се шпекулираше дека Италијанецот би можел во блиска иднина да седне на клупата на Манчестер јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот