Алегри во „пакет“ со двајца играчи на „Олд Трафорд“!?

twitter.com/SirAlexStand

Се најавува заминување на досегашниот менаџер на „црвените ѓаволи“, Норвежанецот Оле Гунар Солксјер доколку резултатите под итно не се променат, а италијанските и англиските медиуми шпекулираат дека на „Олд Трафорд“ веќе е „пронајден“ наследник.

Разговорите помеѓу челниците на Јунајтед и Масимилијано Алегри се „активни“ после поразот од Њукасл, иако за Алегри заинтересиран и Тотенхем кој поминува исто така тешки денови предводен од Маурисио Покетино.

Алегри, кој го напушти Јувентус минатата сезона после уште едно разочарување во Лигата на шампионите, веќе ги повлекува и првите потези, па наводно сака во клубот да бидат Емре Џан и Марио Манџукиќ, а исто така во стручниот штаб би го ангажирал поранешниот лев бек на Јунајтед, Патрис Евра. Исто така Алегри веќе договорил и плата од 7,5 милиони евра.

Евра често порачуваше дека би сакал да има улога во Јунајтед, бидејќи со тој клуб под водство на Алекс Фергусон така доминираше во Премиер лигата.

Макс Алегри пет години го водеше Јувентус, пред тоа беше тренер на Милан, Каљари, Сасуоло, Гросето, СПАЛ и Алјанезе. Манчестер јунајтед го зазема 12. место во Премиер лигата, со осум бода од можни 24.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот