Албански политички блок: Декретот на Бајден води кон развој на демократијата

Зијадин Села / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Ја оценуваме како несериозна тенденцијата на заменик премиерот за борба против корупцијата, како и Владата, да го скријат целосниот неуспех во борбата против криминалот и корупцијата, пристапувајќи кон оваа наредба само од политичката призма на Охридскиот и на Преспанскиот договор. Овие два документa за нас се веќе неспорни, но ве потсетуваме дека примарна цел на оваа наредба се санкциите против поединци што се одговорни за корупција – нагласуваат од опозициската Алијанса за Албанците.

Опозициската Алијанса за Албанците и Движењето „Беса“ на Билал Касaми, која е дел од власта, сметат дека декретот на претседателот на САД, Џозеф Бајден, води кон развој на демократијата и зачувување на либералните вредности на општеството.

– Оваа наредба одобрува воведување санкции за лица одговорни за корупција во регионот, кои се вклучени во злоупотреба на јавни средства, злоупотреба на приватен имот за лична или политичка корист или вмешани во мито. Алијансата за Албанците од основањето е сериозно заинтересирана за расчистување на политичката сцена од такви елементи, кои стануваат пречка за развојот на РСМ во сите димензии, како и на патот на интеграцијата во Европската Унија – велат од АА.

Од оваа партија се убедени дека коруптивни елементи имало во сите претходни влади, како и во сегашната и, како што нагласуваат, тие се потврдени и во извештајот на Транспаренси интернешнл.

– Ја оценуваме како несериозна тенденцијата на заменик премиерот за борба против корупцијата, како и Владата, да го скријат целосниот неуспех во борбата против криминалот и корупцијата, пристапувајќи кон оваа наредба само од политичката призма на Охридскиот и на Преспанскиот договор. Овие два документа за нас се веќе неспорни, но ве потсетуваме дека примарна цел на оваа наредба се санкциите против поединци што се одговорни за корупција – нагласуваат од партијата чиј лидер е Зијадин Села.

Од Движењето „Беса“ велат дека постојано ги усогласуваат своите политики со стратешките партнери – САД и ЕУ.

– Во ниту еден момент не се сомневаме дека американската политика, предводена од претседателот Џозеф Бајден, е насочена кон развој на демократијата и зачувување на либералните вредности. Договорот од Преспа, со Бугарија и Охридскиот договор, се основа на стабилноста и предуслов за напредокот и просперитетот на РСМ кон нејзините евроатлантски стратешки цели. „Беса“ силно го поддржува указот на американскиот претседател Џозеф Бајден – велат за „Слободен печат“ од „Беса“.

Со декретот што го потпиша претседателот на САД, Џозеф Бајден, на секое лице кое директно или индиректно го спречува или е закана за спроведување на Охридскиот рамковен договор или Преспанскиот договор, ќе се најде на црната листа на САД. Декретот им дава овластување на властите во САД да блокираат имот и да им забранат влез на сите лица за кои администрацијата во Вашингтон ќе оцени дека работат на штета на клучните договори во регионот на Западниот Балкан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот