Активно и забавно лето со едукативните изданија за деца од „Литература.мк“

Фото: Литература.мк

Боенки, цртанки, креативни изработки, логички игри, крстозбори, лавиринти, математички загатки, сечи-лепи, книги за почетно пишување и уште многу други интерактивни изданија за деца се дел од богатата понуда на „Литература.мк“. Овие едукативни и забавни дела, кои се во издание на „Арс Ламина – публикации“, се наменети за сите умни глави од предшколска и раношколска возраст, кои сакаат да го поминат активно ова лето. Во решавањето и изработката на креативните активности можат да се вклучат и родителите. Забавувајте се и креирајте заедно!

Изданијата се застапени во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на www.literatura.mk.

Пронајдете ги совршените изданија за деца за ова лето во каталогот на следниот линк: https://bit.ly/36xCF1j

1. Пиши-бриши

Во оваа нова едиција се интерактивните пиши-бриши вежбанки со маркер: „Животните од Австралија“ и „Животните од Африка“. Овие едноставни и забавни активности, подредени по тежина, ќе им помогнат на децата од предучилишна возраст да ја вежбаат раката, да се навикнат на приборот за пишување и да стекнат самодоверба во првите чекори во цртањето и пишувањето, преку:

– Почетно пишување на разни видови линии (прави, коси, заоблени, брановидни и цикцак).

– Слободно пишување линии.

– Развивање на фините моторички вештини на мускулите на рацете и прстите (графомоторни вештини).

– Можност вежбата да се повтори повеќепати и детето да се коригира самостојно.

Оваа вежбанка е реупотреблива. На нејзините страници може да се пишува со маркер за бела табла (пиши-бриши), а се брише со марамче, обична ткаенина или сунѓер. На тој начин децата можат да се навраќаат на активностите повторно и повторно, што им овозможува градење на самодовербата, но и долготрајна забава.

Изданијата можете да ги побарате онлајн на следниот линк: https://bit.ly/3wZeHH4

2. Одгатни ме!

Во оваа едиција се застапени повеќе интерактивни изданија за деца над седум и над десет години: логички загатки, крстозбори, лавиринти, судоку и нешто плус, математички игри и лудории. Овие книги ќе им помогнат на децата при:

– Развој на когнитивните способности и вештини; разбирање дека секоја ситуација може да се решава чекор по чекор за да се дојде до целосната слика.

– Развој на функционалните вештини, како планирање, користење техники и стратегии во решавањето на проблемските ситуации.

– Развој на фината моторика, сензорните вештини и координацијата око-рака.

– Поттикнување на самодовербата, креативноста и фантазијата.

– Градење чувство за тимска работа: споделување идеи, почитување на туѓото мислење, критичко и самокритичко размислување, потреба да се даде или да се побара помош.

Решавањето логички загатки е извонредна алатка за: координација на левата и десната страна на мозокот, за подобрување на меморијата и концентрацијата, за подобрување на вештините за просторно размислување и за одмор од дигиталните уреди.

Изданијата можете да ги побарате онлајн на следниот линк: https://bit.ly/3iwj5s3

3. Папки со активности

Во серијалот „Папки со активности“ вклучени се: „Сечи-лепи 1 и 2“, „Оригами“ и „Шарени страници“. Во „Сечи-лепи 1 и 2“ ќе пронајдете листови со делови за сечење и лепење, со кои вашето дете ќе може да создаде различни форми. Со усовршување на вештината за користење ножички се подобруваат фините моторички вештини на детето, а се зголемува и неговата креативност.

Покрај комплетите за сечење и лепење, во оваа едиција има и сет за изработка на оригами. Во „Оригами“ вклучени се некои од најпопуларните оригами: брод, жерав, вртелешка, цвет и кутија. Целта е да се преобликува рамен лист хартија во целосна скулптура преку техники на виткање и обликување.

„Шарени страници“, пак, се замислени како активности што се прават во тишина. Тие се практични при патување, на одмор или во кој било миг од денот кога детето сака мирна и индивидуална игра.

Изданијата можете да ги побарате онлајн на следните линкови: https://bit.ly/2UyJZav

4. Боенки со налепници

За сите деца од три до пет години ги препорачуваме боенките со налепници. Покрај секоја илустрација наменета за боење може да се залепи налепница што дава насоки како да се обои цртежот. Овие изданија се добри за развој на моторичките вештини кај децата, за јакнење на концентрацијата и за поттикнување на детската љубопитност, фантазија и креативност.

Во овој серијал вашите деца ќе можат да ја изберат темата за боење: бубачки, превозни средства, играчки, диви и домашни животни, како и овошје и зеленчук. Забавно боење!

Боенките можете да ги побарате онлајн на следниот линк: https://bit.ly/3Bm1FqJ

5. Сликовници со активности – „Матеј и Луна“

Серијалот сликовници „Матеј и Луна“ се богати со активности. Прочитај ја приказната и решавај многу загатки со цртање, боење, пишување, броење, сметање и уште многу забава!

Во изданието „Викенд на село со Матеј и Луна“ близначињата Матеј и Луна поминуваат возбудлив викенд на село, запознавајќи се со животните кои живеат на малечката фарма, овошките и зеленчукот што се одгледуваат таму, а имаат и по некоја невообичаена средба во околната шума. Во „Maтеј и Луна летуваат на море“ децата го поминуваат летото на море, што значи многу игри во песокот, пливање, нуркање, запознавање со рипчињата и другите морски животни, како и потрага по многу потонати богатства.

„Матеј и Луна поаѓаат на училиште“ е приказна за првиот училиштен ден! Првачињата Матеј и Луна, полни со возбуда, ги дочекува учителката Маја, а тука се и новите другарчиња…

Изданијата можете да ги побарате онлајн на следниот линк: https://bit.ly/3ziEJqm

6.„Авантурите на Дина и Додо“

Книги со активности, лавиринти и судоку се дел од серијалот „Дина и Додо“.

Дина и Додо се братче и сестриче кои, како и сите деца, многу сакаат авантури. И тоа какви авантури! Во „Авантурите на Дина и Додо“ читаме приказни, решаваме загатки, учиме нови работи, мноооогу се смееме на глас, но и… раскажуваме свои приказни! Секоја од приказните може да има различен крај! Како? Останува на нашите мили мали палавковци самите да го раскажат!

Изданијата можете да ги побарате онлајн на следниот линк: https://bit.ly/3izxrrs


Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот