Активистката Тунберг е ослободена, вели заштитата на климата не е кривично дело

Грета Тунберг/ Фото: EPA-EFE/J.J. GUILLEN

Климатската активистка Грета Тунберг е ослободена, откако заедно со други активисти беше приведена за време на протестот против уривањето на село во Германија поради проширување на рудник за јаглен, соопшти полицијата.

По ослободувањето, таа реагираше преку објава на Твитер. „Вчера бев дел од група која мирно протестираше против проширувањето на рудниците за јаглен во Германија. Полицијата не собори на земја, а потоа не приведе, но нè ослободи подоцна истата вечер”, напиша Грета Тунберг на својот Твитер профил.

„Заштитата на климата не е кривично дело”, додаде таа.

Грета беше меѓу групата демонстранти кои беа приведени вчера за време на протестот против ископ на јаглен во рудник во близина на германското село Лицерат.

Шведската активистка од минатата недела неколку пати се појавуваше на протестот во регионот Лицерат, по одлуката таму да започне ископување лигнит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот