Активисти на чело со Грета Тунберг го блокираа шведскиот парламент

Активисти на чело со Грета Тунберг го блокираа шведскиот парламент / Фото Икс

Климатската активистка Грета Тунберг и бројни незини истомисленици протестираа пред влезовите на шведскиот парламент со цел поголема климатска правда.

Групата денеска блокираше неколку влезови во зградата за да го привлече вниманието на итните социјални кризи и потребата од итна и праведна промена, се вели во соопштението за акцијата.

– Оваа акција е отпор кон продолжувањето на овој смртоносен, неправеден систем. Најбогатите трошат огромни количини ресурси, на сметка на големи делови од светското население кои не ги исполнуваат ниту нивните основни потреби, напиша Тунберг на X.

– Светот брзо се менува. Демократска должност е активно да се вклучиме во обликувањето на насоката на таа промена. Ги покануваме сите што можат да ни се придружат, продолжи таа.

Како што информира самата, на Тунберг и се придружија група научници од различни области на истражување и десетици активисти. Тие исто така повикаа на структурни решенија за надминување на сегашните кризи кои им се закануваат на луѓето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот