Аксој: Критиката на Макрон за нашата поддршка на Либија е помрачување на умот

Франција негира дека го поддржува Хафтар, но постојано ја критикува Турција. 

Турција денеска возврати на критиките од Франција за нејзината интервенција во Либија, соопштувајќи дека францускиот претседател Емануел Макрон мора да претрпел „помрачување на умот” за да се спротивстави на поддршката што Анкара и ја дава на меѓународно призната влада во Триполи.

Макрон вчера ја обвини Турција дека игра опасна игра во Либија и изрази поддршка за египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, кој во саботата порала дека Каиро има право да интервенира во конфликтот кај соседот, пренесоа британските медиуми.

-Категоризацијата на Макрон за поддршката на нашата земја за легитимната влада на Либија е темелена на резолуциите на ОН, а нивната проценка дека тоа е опасна игра може да се објасни само како помрачување на умот, изјави портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксој.

Аксој смета дека сегашните проблеми во Либија се предизвикани од нападите на силите на генералот Калифа Хафтар, кои ги отфрлија договорите за прекин на огнот постигнати во Москва и во Берлин.

Париз е обвинет дека му дава политичка поддршка на Хафтар и дека претходно му давал воена помош за борба против исламистичките екстремисти.

Франција негира дека го поддржува Хафтар, но постојано ја критикува Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот