Ако шетате низ Будва во костим за капење ќе ве казнат со 200 евра!

Фото: EPA/KOCA SULEJMANOVIC

Казната за шетање по Будва во костим за капење е 200 евра и тоа важи за туристите и мештаните, одлучи Собранието на општина Будва, а одлуката е објавена во Службен весник.

Според Одлуката за комунален ред, во просторот за капење можете да престојувате само во костим за капење.

Казните се поригорозни во однос на санкциите предвидени во претходната одлука, пренесува Танјуг. За почитување на оваа одредба одговорни се општинската инспекција и полицијата на општина Будва, објасни градоначалникот Милош Тајиќ, пренесе порталот Приморски бар.

Со усвојување на оваа одлука во локалниот парламент, Будва им се придружи на Сплит и Дубровник, кои воведоа казни за голите туристи, при што казната изнесува 130 евра во Дубровник и 150 евра во Сплит, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот