Ако ги потиснувате емоциите, ќе ви страда тироидната жлезда

стрес
Фото: Unsplash

Луѓето што се изложени на ризик да развијат болест на тироидната жлезда, генерално сакаат да направат сѐ навреме, ги потиснуваат емоциите, се плашат од критики…

Тироидната жлезда е најголемата ендокрина жлезда во човечкиот организам. Сместена е во предниот дел на вратот веднаш под гркланот и нормално тежи помеѓу 10 и 20 грама. Се состои од два симетрични дела, така што нејзината форма често се споредува со пеперутка.

Хормоните на штитната жлезда регулираат многубројни биохемиски процеси во организмот, кои се клучни за нормалниот раст и развој, метаболизмот и невролошката активност. Болестите на тироидната жлезда се во пораст и сѐ поголем број луѓе страдаат од овие болести. Затоа, лекарите препорачуваат еднаш годишно да се прават детални анализи.

Основни симптоми што се појавуваат во случај кога нешто не е во ред со оваа жлезда се интензивиран замор, заборавеност, ненадејни и чести промени во расположението, промени во срцевиот ритам и телесната тежина.

За штитната жлезда се вели дека е поврзана со нашите емоции и потсвесни желби, па затоа во најголем ризик да заболат се оние луѓе што не живеат во согласност со своите чувства.

Луѓето што се изложени на ризик да развијат болест на тироидната жлезда, генерално сакаат да направат сѐ навреме, ги потиснуваат емоциите, се плашат од критики, се загрижени за обемот на работите што треба да ги направат, но исто така се загрижени и дали ќе исполнат нечии очекувања. Преземаат премногу нешта на себе, не сфаќајќи ги секогаш своите граници.

Таквата личност обично ги става туѓите потреби на прво место, а своите ги занемарува.

Многу често лицето што страда од хипертиреоза (забрзано работење на тироидната жлезда) се обидува некому нешто да докаже или да разбуди нечија љубов. Премногу бара од себе и од другите. Се плаши од ситуациите во кои не може да дејствува доволно брзо и од ситуациите во кои се наоѓа. Постапките на таа личност честопати се немотивирани и не се засноваат на нејзините вистински потреби.

Причината за болеста е и лошата верба во себе. Ако имате проблем со тироидната жлезда, покрај пропишаната терапија, можете да работите и на вашето ментално здравје, да ги промените обрасците на размислување и да вежбате оптимизам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот