Акциите на Епл скокнаа на рекордно високо ниво
Вчера на Вол Стрит се тргуваше претпазливо бидејќи инвеститорите не сакаа да преземаат премногу ризик пред пораките на ФЕД и извештаите за инфлацијата во САД, при што С&П 500 и Насдак пораснаа благодарение на скокот на цената на акциите на Епл.
Препорачано
Дов Џонс загуби 0,31 отсто, на 38.747 поени, додека С&П 500 зајакна 0,27 отсто, на 5.375 поени, а индексот Насдак 0,88 отсто, на 17.343 поени.
С&П 500 и Насдак се зголемија благодарение на скокот на цената на акциите на Епл од 7 отсто до рекордни 207 долари, откако компанијата ги претстави подобрувањата на вештачката интелигенција на своите уреди, кои би требало да ја зголемат продажбата.
Но, тргувањето беше претпазливо бидејќи инвеститорите не сакаа да преземаат ризици пред извештајот за потрошувачките цени, објавен во среда, кој ќе покаже дали инфлацијата во САД се намалува.
Дополнително, во среда, челниците на американската централна банка ќе објават соопштение од дводневната седница.
Никој не очекува намалување на каматните стапки бидејќи инфлацијата останува покачена, но инвеститорите се надеваат дека претставниците на ФЕД ќе покажат оптимизам во најновите економски и монетарни проекции.


