Академија Пандев со закажани контролки пред Лига Европа

facebook.com/fkakademijapandev/

Академија Пандев ќе се комплетира во наредните денови поради настапи на неколку фудбалери во У19 и У21 репрезентациите на Македонија.

Првите 10 дена „пандевци“ ќе тренираат во Струмица, па ќе заминат на подготовки во Банско, Бугарија.

Веќе ги закажаа и своите први пријателски натпревари преку кои ќе се темпира формата пред дебитантското учество на меѓународната сцена.

Првин на 13 јуни во Благоевград ќе се сретнат против Локомотив Пловдив, а шест дена подоцна ќе тестираат со Берое Стара Загора во Банско.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот