Ајакс слави титула пред 100.000 фанови (ВИДЕО) - Слободен печат
СпортФудбал

Ајакс слави титула пред 100.000 фанови (ВИДЕО)

Екипата на Ајакс, ја прослави титулата во холандскиот шампионат пред 100.000 фанови на еден од плоштадите во Амстердам.

Ајакс имаше сезона од сништата, секунди го делеа од пласман во финалето на Лигата на шампионите, но затоа во Холандија не дозволи никакво изненадување. Прво триумфира во холандскиот куп, а вчера по пауза од пет години, со триумфот од 4:1 на гости кај Де Графшап, дојде и до титулата во домашното првенство.

Дури 100.000 луѓе се собраа на еден од плоштадите во Амстердам за да ја прослават шампионската титула, но и одличната сезона на младите фудбалери на Ајакс.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close