АХВ: Не голтајте лекови, станувате отпорни на инфекциите!

Успешни кампањи за подигање на јавната свест, кои веќе се одржаа во некои земји, резултираа со намалување на потрошувачката на антибиотици – велат од АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и оваа година, од 18 до 24 ноември се приклучува кон глобалната кампања за одбележување на Светската недела за свеста за антибиотиците и Европскиот ден за свеста за антибиотиците. Целта на кампањата, која АХВ ќе ја одбележи со неколку активности, е да се подигне свеста за ризиците по здравјето на луѓето и на животните, но и на животната средина, предизвикани од отпорноста кон антимикробните средства. Преку кампањата ќе се промовираат добри практики, со цел, ограничување на појавата и ширењето на отпорни микроорганизми низ целиот свет. Темата на глобалната кампања за годинава е „Заедно да ја спречиме антимикробната отпорност “, бидејќи таа е закана за луѓето, животните, растенијата и животната средина.

-Антимикробната отпорност ја загрозува ефективната превенција и третман на сè поголем опсег инфекции предизвикани од бактерии, паразити, вируси и габи. АМО се јавува кога бактериите, вирусите, габите и паразитите се менуваат со текот на времето и повеќе не реагираат на лековите (лековите стануваат неефикасни), се отежнува лекувањето на инфекциите и се зголемува ризикот од ширење на болеста – преупредуваат експертите од АХВ.

Антимикробната отпорност е природна појава предизвикана од мутации во гените на бактериите, но прекумерната и несоодветна употреба на антимикробни средства го забрзува овој процес.

-Употреба на антибиотици при вирусни инфекции како што се настинки и грип, употреба на антибиотици како промотори за раст кај животни и за спречување на болестите кај здрави животни – укажуваат од АХВ.

Повеќето човечки болести кои се пренесуваат преку храна се предизвикани од бактериите Кампилобактер, Салмонела, E. коли и Листериа, а најчестиот начин на заразување е преку консумирање контаминирана храна или вода.

-Одговорната употреба на антибиотиците може да помогне да се запре развојот на резистентни бактерии и да помогне да се одржат антибиотиците ефективни за употребата на идните генерации. Успешни кампањи за подигање на јавната свест, кои веќе се одржаа во некои земји, резултираа со намалување на потрошувачката на антибиотици – велат од АХВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот