Ахмети: Ми беше понудена поделба на Македонија, но не прифатив

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Ахмети уште една кажа дека порано му било понудено поделба на Македонија врз етнички линии, но дека ја одбил таквата понуда.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за „ABC News“ изјави дека неговата партија нема да прави коалиција со ниту една друга албанска или македонска политичка партија и на изборите ќе излезат сами.

Ахмети уште една кажа дека порано му било понудено поделба на Македонија врз етнички линии, но дека ја одбил таквата понуда.

-Имав понуда во минатото да се подели Македонија од високи функционери на оваа држава. Секоја поделба на оваа земја ќе биде штетно, многу штетно за Албанците, но и за Македонците. Оти не може да се поделат работите како со нож. Ќе имаше малцинства и таму и ваму. Ќе се отвореа нови рани. Ние не прифативме поделба на Македонија. Јас сум им кажал и на македонските политичари дека оваа држава е моја, колку што е и нивна. Сакам да ги имаме нашите симболи и јазик. Ние ги постигнавме овие цели. Имаме универзитет, јазик во Собрание и институции и наши симболи – истакна Ахмети.

Ахмети додаде дека ќе биде добро во албанскиот политички блок да има позиција и опозиција.

– Мислам дека се уште е рано за предизборни коалиции. Тоа нема да биде добро ни за ДУИ, ни за Албанците. Има уште работи кои треба да се разјаснат, како што се правичната еднаквост или јазикот. Што се однесува за односот со албанските партии, ќе биде штетно ако влеземе со коалиција со некоја од нив – додаде лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот