Агелер со честитка до Шекеринска, но и до Мицкоски за застапување на нејзината кандидатура
Честитки до Радмила Шекеринска идниот заменик-генерален секретар на НАТО, како и до премиерот Христијан Мицкоски и за Владата на Северна Македонија за застапување на нејзината кандидатура, напиша американската амбасадорка Анџела Агелер.
Препорачано
– Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД – порача Агелер во честитката до Шекеринска.
My warmest congratulations to Radmila @Sekerinska, NATO’s next Deputy Secretary General, and to @MickoskiHM and the Government of North Macedonia for championing her candidacy. A powerful testament to Ms. Shekerinska’s expertise and experience, and ?? role as a valued @NATO ally…
— Ambassador Angela Aggeler (@USAmbNMacedonia) November 19, 2024
Изборот на Шекеринска за оваа функција претходно го честитаа и лидерот на СДСМ Венко Филипче, кој истакна дека со нејзиното долгогодишно искуство, посветеност и професионалност успешно ќе се носи со најголемите предизвици кои и претстојат.
Поранешниот премиер Димитар Ковачевски напиша дека нејзиниот избор „истовремено е и голем успех за нашата земја, потврда на нашата важна улога во НАТО алијансата“.
Поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска денеска во Брисел беше избрана за заменик генерален секретар на НАТО и ќе му биде заменичка на Марк Руте.
– Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога – порача Руте.
Шекеринска претходно ја извршуваше функцијата вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО Алијансата во 2020 година.


