Аферата што ја потресе ЕУ: Неуспех во набавка на доволно вакцини, а во сѐ е вмешана Меркел

Ангела Меркел. / Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Германските медиуми ја критикуваат канцеларката Ангела Меркел што набавката на вакцини против коронавирусот ја препуштила на Европската комисија, истакнувајќи дека тоа е причината што моментално нема доволно дози за спроведување на масовна вакцинација.

Според информациите на Билд, канцеларката Меркел, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, сметале дека е важно мандатот за набавка на вакцини да биде во рацете на ЕУ.

– Резултатот од тоа е дека ЕУ доживеа неуспех во навремено набавување на доволно вакцини за сите Европјани, констатира Билд.

Меркел ги натерала министрите да напишат извинување заради лошата набавка на вакцини?

Билд како доказ го објавува писмото на министерот за здравство на Германија, Јенс Шпан и неговите колеги од Франција, Италија и Холандија во кое мандатите за набавка на вакцини ги предаваат на Европската комисија и и се извинуваат на Фон дер Лајен за своите напори во обидите да се набават вакцини.

Шпан и неговите колеги од Франција, Италија и Холандија се труделе да набават доволно вакцини за своите земји, а Меркел мислела дека набавката како голем гест би требала да се предаде во рацете на ЕУ.

Во писмото на четворицата министри се изразува жалење што преговорите на тој „сојуз“ изразиле загриженост.

– Заради тоа веруваме дека е од огромна важност да ги следиме заедничките напори спрема различните фармацевтски барања. Единствени сме во тоа дека брзината е одлучувачка. Заради тоа сметаме дека би било корисно ако Европската комисија го преземе водството во тој процес. Секако и понатаму ја нудиме нашата поддршка и експертиза, пишува во писмото.

Министрите уште во јуни изразиле сомнежи дека ЕУ може да набави доволно вакцини

Според информациите на Билд, четворицата министри уште во јуни 2020 година имале големи сомнежи дека ЕУ е во состојба навремено да набави доволно вакцини, но дека биле натерани од шефовите на своите влади тој процес да го предадат на ЕУ.

Исто така Билд наведува дека во писмото, спротивно на он што го тврди ЕУ, кабинетот на канцеларката и Шпан, воопшто не биле спомнато постигнување на добри цени во преговорите.

Во Германија, од почетокот на вакцинацијата на 27 декември, присутни се критики дека нема доволно вакцини за да се спроведе успешен процес на вакцинација.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот