Фото: Општина Аеродром

Аеродромци можат преку онлајн анкета да ја оценуваат работата на Општината

Од Општина Аеродром информираат дека се воведува нова онлајн анкета преку која граѓаните ќе можат да дадат оцена и мислење за квалитетот на работењето на Општината, како и за работата на секој вработен поединечно.

Фото: Општина Аеродром

„Целта на оваа иницијатива е директно вклучување на граѓаните во процесот на унапредување на локалната самоуправа, преку идентификување на позитивните практики, како и на областите во кои постои простор за подобрување. На тој начин, Општина Аеродром се стреми кон поефикасно, поодговорно и поотворено институционално работење“, велат од локалната самоуправа.

Оттаму велат дека анкетата е кратка, трае помалку од една минута и е целосно анонимна. При нејзиното пополнување не се прибираат лични податоци, а граѓаните можат да учествуваат со скенирање на кју-ар кодот поставен на официјалните информативни банери, по што се отвора кратка анкета што се пополнува со неколку клика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот