Аџигогов: Вештачки на пензионерите и на невработените им чуваме осигурување, од Нова година немаат

Фонд за здравство / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Утре ќе се одлучува дали ќе се намалат платите на вработените во Фондот за здравствено осигурување. Претседателот на Синдикатот гневен, потсети што се прават

Претседателот на Синдикатот на Фондот на здравствено осигурување, Бранко Аџигогов, најави дека утре во 12 часот по шести пат ќе се долучува што ќе се случува со нивната плата откако Владата на седница одржана на 9 јануари 2024 година, донела Заклучок со која му препорачува на Управниот одбор на ФЗОМ да ги намали платите на вработените и тоа во висина од 21 процент.

Претседателот Аџигогов на својот фејбук профил многу глевно објасни што се тие работат додека се размислува за намалување на нивната плата. Притоа откри и дека не се префрлени пари за задравствено осигурување за пензионерите и за невработените.

-Тоа значи нема рецепти за лекови, упати за прегледи. Поради неплатени придонеси за нив, „од шупље у празно“, вработените прават гимнастика, само да се пуштат плати за јавно здравство, капитација за примарно, буџети за приватно, лекови во аптеки – напиша Аџигогов.

Тој вели дека вработените трпат психичка тортура, затоа што не знаат дали ќе им се намали платата за 21 процент.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот