Адеми во тимот на сезоната во Хрватска

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми, кој е и капитен старо-новиот шампион Динамо Загреб е избран во идеалниот тим на сезоната во хрватското првенство.

Изборот беше во организација на фудбалскиот синдикат во Хрватска, а во него право на глас имаа тренерите и фудбалерите на екипите кои играа во првата лига.

Адеми немаше конкуренција на својата позиција во средниот ред, а во идеалниот тим се најдоа уште тројца негови соиграчи од Динамо. Признанието за фидбалер на сезоната во хрватскиот шампионат му припадна на соиграчот на Адемија, Бруно Петковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот