Адеми: Образовниот систем е подготвен за секое сценарио

Нагласи дека неговите лични очекувања се дека учениците ќе се вратат на училиште од 1 септември. 

Образовниот систем е подготвен за секое сценарио и да обезбеди продолжување на наставата за идната учебна година – дали преку онлајн-настава или во училниците, изјави денеска министерот за образование и наука по посетата на гостиварското село Дебреше каде што се гради нова спортска сала.

Адеми посочи дека во министерството биле направени сите подготовки кои ќе овозможат образовниот процес во сите иснтитуции да се одвива непречено и да соочат со сите околности наметнати од кризата.

– За било какво сценарио ние сме подговтвени. Формиравме една инклузивна работна група, бидејќи сакаме да имаме инклузивен пристап при креирањето на образовните политики. Во таа група се раководители на национални образовни институции и нашите партнери од меѓународни организации кои ни даваат поддршка. Веќе имаме конкретни упатства што ги добивме од Светска банка и УНИЦЕФ и се однесуваат на државите кои сакаат да повторно да ги отворат образовните институции. Тие препораки ќе бидат испочитувани и доследно спроведени и ќе ги земеме предвид и спецификите на нашиот образовен систем рече министерот Адеми.

Нагласи дека неговите лични очекувања се дека учениците ќе се вратат на училиште од 1 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот