Адеми го реши Шкупи, Динамо Загреб продолжува во квалификациите во ЛШ

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Фудбалерите на Шкупи не успеаја да направат изненадување и да го елиминираат хрватскиот шампион Динамо Загреб во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите, иако во реваншот пред своите гледачи на Националната Арена „Тодор Проески“ го започнаа натпреварот со одлични 2:2.

На крајот Динамо Загреб славеше со 0:1, а единствениот гол го постигна македонскиот репрезентативец и капитен на хрватскиот шампион, Аријан Адеми на стартот од второто полувреме, во 47. минута.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

И покрај поразот од Динамо, македонскиот шампион ги продолжува настапите во фудбалска Европа и тоа во квалификациите за пласман во групата фаза во Лигата на Европа. Евентуален неуспех во квалификациите за Lигата на Европа против Шамрок, ги носи во плеј-оф натпреварот за пласман во групната фаза во Лигата на конференции.

Најавите на тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски дека неговите фудбалери ќе играат офанзивно и на победа иако хрватскиот е фаворит, неговите играчи ги спроведоа на дело неговите зборови во првиот дел. Шкупи во поголем дел од првото полувреме беше подобар противник, имаше неколку сериозни шанси за гол, но мрежата на Доминик Ливаковиќ мирување.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Најсериозната шанса за гол, Шкупи ја имаше во 42. минута кога Цефас по одлична акција од десната страна влезе во шеснаесетникот и откосо шутираше покрај голот.

Фудбалерите на Динамо откако се ослободија од почетниот притисок, почнаа да се закануваат кон голот на Наумовски, најчесто преку брзи контри и полуконтри. Во судиското продолжение, Динамо Загреб ја имаше голема шанса да поведе откако по одлична акција, Петковиќ излезе сам пред Наумовски и се обиде да го помине, но голманот на Шкупи одлично реагираше и спречи сигурен гол на хрватскиот тим.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Второто полувреме започна катастрофално за Шкупи, Адеми во 47 минута по одлична акција на Динамо, остана сам во петерецот на Наумовски и немаше проблем да ја затресе мрежата.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Примениот гол ги шокира играчите на Шкупи, се забележа пад во играта на македонскиот шампион, но Динамо не успеа повторно да ја затресе мрежата на Наумовски. До крајот на натпреварот, фудбалерите на Динамо рутински ги одработија минутите за минимален триумф што им носи пласман во третото квалификациско коло во ЛШ, додека Шкупи ќе игра во квалификациите за пласман во Лигата на Европа против Шамрок.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот