НБА призна: Лејкерс биле драстично оштетени против Денвер

Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Кошаркарите на Денвер славеа со 101:99 во вториот меч од плеј-офот и тоа со кош на Џамал Мареј со звукот на сирената. НБА лигата сега призна дека направиле неколку грешки кои влијаеле врз конечниот резултат.

Дополнителната анализа утврдила дека Лејкерс загубиле шанса за уште еден напад кога на Јокиќ му биле досудени три секунди во рекетот. Вториот пропуст бил направен кога Леброн не добил слободно фрлање поради прекршок.

Сепак, освен признавањето од НБА Лејкерс нема да имаат некаква корист и победата ќе остане за актуелниот шампион.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот