Адел ги остави без здив фановите со нејзиниот неверојатно тесен струк: Пејачката се пошегува на своја сметка! (ВИДЕО)

Славната пејачка Адел со месеци привлекуваше внимание со својата трансформација. Фановите со нетрпение го очекуваат секое нејзино ново појавување во јавноста, па самата најава за нејзиното гостување во популарната емисија Saturday Night Live предизвика вистинска вознемиреност на социјалните мрежи.

После шоуто, единствено за што се зборува е витката половина на пејачката, а многумина се смееја на нејзината шега на нејзина сметка. Тоа е, објаснувањето зошто изгуби значителен број килограми.

„Знам дека изгледам навистина, многу поразлично, откако последен пат ме видовте“, започна 32-годишната пејачка.

Како што вели таа, „поради сите ограничувања поврзани со ковид-19 и забрани за патување, таа морала значително да го намали багажот и количината на работи што би ги зела на патувањето.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Џенифер Лопез се соблече целосно гола

„Можев да земам само половина од себе, и ова е половина што ја избрав“, заклучи Адел.

„Не ја препознав се додека не проговори“, коментираше еден обожавател.

„Изгледа како сосема друга личност! Не можам да верувам колку е слаб нејзиниот струк“, се согласил друг корисник.

Да потсетиме, Адел изгуби вртоглави 45 килограми по љубовниот бродолом и разводот од Симон Конечки. Покрај тоа што се грижеше за своето ментално здравје, таа започна да тренира и беше подложена на диета Сиртфуд, што резултираше во неверојатна трансформација.

Поврзани вести

ВИДЕО: Џенифер Лопез се соблече целосно гола

Слободен Печат

д-р Владимир Трајковски: Криопрезервација на јајце-клетки – вистинска одлука за иднината

Ј.К.Д

Меган Маркл: Војвотката од Сасекс со болка и тага раскажа дека претрпела спонтан абортус

Слободен Печат

Шкотска е првата земја во светот што ќе овозможи бесплатeн пристап до менструални производи

Слободен Печат

Ново истражување: Веганите имаат дури 43% поголем ризик од кршливост на коските

Слободен Печат

Никол Кидман: Велат дека осаменоста е тивок убиец. Не го кажуваат тоа без причина.

Слободен печат

Остави Коментар