Абазовиќ за апсењето на водачот на Кавачкиот клан: Акцијата не завршува, денес ќе има претреси на повеќе локации

Вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, денеска изјави дека апсењето на наводниот водач на криминалниот Кавачки клан, Слободан Кашчелан е најголем успех на црногорската полиција во последните десет години.

– Не би сакал да навлегувам во детали, бидејќи акцијата не е завршена. Денеска ќе се вршат претреси на повеќе локации – рече тој.

Според „Вијести“ Абазовиќ изјавил дека Црна Гора ќе се бори против криминалот дури и ако има опструкции.

– Раката на правдата дефинитивно се придвижи – рече тој.

Да потсетиме, Слободан Кашчелан, озлогласениот водач на Кавачкиот клан е уапсен синоќа во Црна Гора. Во голема полициска акција беа уапсени и Владимир Вучковиќ, Милош Радоњиќ и Крсто Марош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот