Абас се противи на израелските планови за воена операција во Рафах

Махмуд Абас фото EPA-EFE/ALAA BADARNEH

Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас денеска во разговор со јорданскиот крал Абдула Втори во Аман изјави дека се противи на израелските планови за воена операција во Рафах, најјужниот град во Појасот Газа, каде што има повеќе од милион Палестинци.

Повеќето од тие Палестинци заминале во Рафах бегајќи од борбите во другите делови на енклавата.

Абас и јорданскиот крал разговараа за последните случувања во војната меѓу Израел и Хамас во Газа, како и за напорите за зголемување на количината на хуманитарна помош за Палестинците во енклавата, особено нејзиниот северен дел.

Во разговорот беше истакната потребата да се дозволи слобода на вероисповед за Палестинците во џамијата Ал Акса за време на претстојниот Рамазан, откако минатата недела беше објавено дека израелската влада размислува да го ограничи бројот на луѓе на кои ќе им се дозволи да влезат, објави Тајмс оф Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот