Весна Јаневска, министерка за образование и наука / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

МОН ќе финансира заеднички научно-истражувачки проекти со Австрија, секој ќе добие по 10.000 евра

Министерството за образование и наука ќе го финансира спроведувањето на 14 заеднички научно-истражувачки проекти на Македонија и Австрија во областа со голем развоен потенцијал, паметно земјоделство и храна, информациски и комуникациски технологии, електро и машинска индустрија, одржливи материјали и паметни згради, енергија на иднината и туризам.

Финансиската поддршка изнесува 10.000 евра или по 600.000 денари за проект. Добитниците се Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, за девет проекти, Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип со три проекти, и по еден Меѓународниот Балкански универзитет од Скопје и Приватниот институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени од Скопје, со кои денеска беа потпишани договори.

Шест од проектите се од инжинерство и технологија, пет од природно-математичките науки, два од земјоделски и ветеринарни науки и еден од општествени науки.

„Проектите се во областите кои Стратегијата за паметна специјализација ги дефинира како приоритетни за вложување, такашто македонските и австриските научници ќе делуваат токму во насока на равој на овие области“, рече министерката Весна Јаневска.

Проектите се одбрани на јавен конкурс, кој беше објавен лани во септември, кога пристигнале 18 проекти, но со рецензија за исполнување на условите од македонска и автриска страна, биле одбрани овие 14 за поддршка.

Рокот за реализација е две години.

Деканите на факултетите велат дека се работи за значајна подрршка, особено заради вмрежувањето на македонските со австриските универзитети, кои се докажани по својот квалитет и значење во научниот свет.

Оваа поддршка велат дека нема да ја искористат за вложување во скапа опрема, туку работата на вакви проекти ги отвора вратите за заедничко аплицирање во побогати програми и фондови како на пример Хорајзон.

Јаневска најавува построги критериуми за напредување во научните звања на универзитетите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот