8.000 луѓе на чај кај КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА: Ѕвезда на ова случување беше КЕЈТ МИДЛТОН проверете ЗОШТО (ФОТО)

AP / DOMINIC LIPINSKI

Британската кралица Елизабета Втора организираше голема чаенка во градината на Бекингемската палата.

„Кога ќе повикаш 8.000 луге на чај во градината, се надеваш дека сонцето ќе сјае“, се пошегува кралицата во разговорот со присутните на сметка на променливото време.

AP / DOMINIC LIPINSKI

Меѓу присутните беа и војводата и војвотката од Кембриџ.

Сосема очекувано, војвотката Кејт Мидлтон на забавата се појави во многу елегантна комбинација која целосно одговараше на дрескодот за оваа прилика, поради која сите присутни гледаа во неа.

AP / DOMINIC LIPINSKI

Елегантниот и децентен капут-фустан од модната куќа Александар Меквин во нежно-розева нијанса со плисирани детали го комбинираше со шешир кој го креираше Џулиет Ботерил.

На нозете ги носеше своите омилени салонки со кремаста боја со потписот на Џанвито Роси, а најосновните ситници ги смести во мини торбата од брендот Лофлер Рандел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот