76 годишник повредил малолетник со воздушна пушка, бидејќи му пречела вревата

Полициски службеник / Фото: Архива

Еден малолетник е повреден кога 76-годишно лице пукало со воздушна пушка од својот балкон, бидејќи му сметала вревата која децата во средата навечер ја правеле играјќи пред зградата. Возрасниот тетовец подоцна е приведен во полициска станица.

– Во раните утрински часови денес во СВР Тетово е приведен С.К. (76) поради пријавата дека вчера околу 22 часот од балкон на зграда на ул.„Железничка” во Тетово од воздушна пушка испукал кон малолетници кои биле пред зградата. Притоа, погодил еден малолетник кој се здобил со телесни повреди. С.К. рекол дека причина била вревата што ја правеле малолетниците пред зградата – информираат од СВР Тетово.

Малолетникот е пренесен во Клиничката болница во Тетово, но нема информации за неговата здравствена состојба. Полицијата известила јавен обвинител и продолжува со процедурите за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот